Дома Фудбал Oливие Жиру пред изненадувачки трансфер – се враќа во Европа!

Oливие Жиру пред изненадувачки трансфер – се враќа во Европа!

Познатиот француски фудбалер, Оливие Жиру (38), е на чекор да се врати во својата татковина, каде што би потпишал нов договор со екипата на Лил.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ако ова стане реалност, Жиру ќе се врати во Франција по 13 години. Во минатото настапуваше за Монпелје, кој го водеше до сензационалната титула во 2012 година, по што замина во Арсенал.

Покрај Арсенал, играше и за Челси и Милан, а со француската репрезентација го освои Светското првенство во Русија 2018 година.

Неговиот договор со Лос Анџелес истекува на крајот од годината, и се чини дека клубот ќе му дозволи трансфер во Лил, бидејќи не се премногу задоволни од неговата игра во оваа и претходната сезона.

Во француската репрезентација, Жиру одигра 137 натпревари и постигна 57 голови.

Фото: Los Angeles FC/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Срамен потег на Молина: Родри тргна да слави, тој го удри без потреба – му порачаа да не се враќа во Шпанија! (Видео)

Покрај победата на Шпанија во вчерашното финале по продолженија тема во денеска во медиуми…