Дома Фудбал Се е познато: Ова се осминафиналните парови за Светското клупско првенство

Се е познато: Ова се осминафиналните парови за Светското клупско првенство

Со одигрување на натпреварите од третото коло заврши групната фаза од Светското клупско првенство. По овие натпревари, познати се сите парови за осминафиналето на ова престижно натпреварување. Од силната европска сцена, девет екипи успеаја да се квалификуваат, додека од Бразил четири тима ќе се натпреваруваат понатаму, а по еден клуб доаѓа од Саудиска Арабија, Мексико и САД.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Битката за пласман во четвртфиналето започнува утре со судирот на бразилските гиганти Палмеирас и Ботафого, како и со двобојот меѓу Бенфика и Челси. Натпреварите за осминафиналето ќе се играат до вторник, кога ќе бидат познати сите парови за четвртфиналето, кое ќе стартува наредниот петок. Финалето е закажано за недела, 13 јули.

Парови за осминафиналето:

Палмеирас – Ботафого (28 јуни)
Бенфика – Челси (28 јуни)
ПСЖ – Интер Мајами (29 јуни)
Фламенго – Баерн Минхен (29 јуни)
Интер – Флуминенсе (30 јуни)
Манчестер Сити – Ал Хилал (30 јуни)
Реал Мадрид – Јувентус (1 јули)
Борусија Дортмунд – Монтереј (1 јули)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Каков хит: Босанците среде САД си донесоа огромно ѓезве за кафе! (Видео)

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина го заврши подготовниот период за Светско…