
Трансфер приказните од летниот преоден рок стануваат сè поинтензивни, а во ова се главни актери два европски гиганта – Јувентус и Барселона.
Сè почесто се слушаат приказни од трансфер пазарот, а шпанските медиуми носат една спектакуларна шпекулација режирана од Јувентус и Барселона.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Според “Diario Sport”, Старата дама нуди 50 милиони евра за „капиталецот“ на Барселона – Роналд Араухо.
Каталонците со сите сили тргнаа по Нико Вилијамс, но за да ги поминат без проблем сите регулации околу тој трансфер, некој ќе мора и да го напушти клубот.
Веќе некое време се зборува за заминувањето на Араухо од Барселона, а сега првиот кандидат за негово доведување е италијанскиот гигант – Јувентус.
Старата дама го гледа Уругвајецот како одлично решение за своите проблеми во последната линија и ќе тргне со сите сили по него ова лето.
Јувентус сака следната сезона да се врати на голема врата, односно имаат шампионски амбиции, а за да ги остварат зацртаните цели, мораат значајно да го засилат играчкиот кадар.
Араухо е централен бек, но одлично се снаоѓа и на позицијата десен бек, што на неговите тренери им дава простор за тактичка флексибилност.
Во Барселона по повод на оваа понуда сè уште се неодлучни. Каталонската екипа не би се противила толку на неговото заминување, но сметаат дека сумата од 50 милиони евра нема да биде доволна.
Фото: Принтскрин