Дома Фудбал Ливерпул се приближува до Геи, шпекулациите за Конате се зголемуваат

Ливерпул се приближува до Геи, шпекулациите за Конате се зголемуваат

Откако денес го финализираше третиот значаен трансфер за ова лето, објавувајќи го ангажманот на Милош Керкез, Ливерпул веќе гледа кон следната зделка.

Според Николо Скира, раководството на „црвените“ веќе започнало разговори за капитенот на Кристал Палас, Марк Геи. Новинарот тврди дека самиот играч изразил подготвеност да се приклучи на Ливерпул.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сајтот DaveOCKOP, посветен целосно на вести за Ливерпул, оди подалеку, тврдејќи дека клубот од „Енфилд“ е мошне блиску до договор за централниот бек. Истото известување додава дека интересот на Ливерпул датира уште од месец март, кога имало и први разговори со агентите на Геи.

По договарањето на продажбата на Џарел Кванса во Баер (Леверкузен), преговорите биле забрзани. Во „Енфилд“ веруваат дека можат да го затворат трансферот за 40-45 милиони фунти.

Овие вести пристигнуваат среде новите шпекулации за иднината на Ибраима Конате. Според новинарот Санти Ауна, 26-годишниот централен бек веќе донел одлука дека сака нов предизвик и ќе го напушти Ливерпул по крајот на следната сезона, како што направи ова лето Трент Александар-Арнолд, кој премина како слободен агент во Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Њукасл спремен да го пушти Исак во Ливерпул

Bританските медиуми во петокот објавија дека раководството на Њукасл очекува нова понуда о…