
Арсенал во изминативе денови постигна договор за три нови засилувања за претстојната сезона, а денес пристигна и необична потврда за четвртото.
Не го потврди трансферот самиот Арсенал, ниту пак некој од познатите трансфер инсајдери како Фабрицио Романо, туку, верувале или не, фризер!
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Имено, фризерот на Бењамин Шешко преку објава на Инстаграм “случајно” откри дека Словенецот сигурно ќе пристигне на „Емирати“.
“Секогаш ни е драго кога си тука, пријателе. Се надевам дека ќе соработуваме и во Лондон,” напиша фризерот „Sensei“ покрај фотографија со Шешко на грчкиот остров Миконос.
Ќе потсетиме, трансферот на Шешко од РБ Лајпциг во Арсенал веќе подолго време е блиску до реализација, но се појавија компликации поради високите барања на Словенецот за платата.
Сето тоа сега е решено, а се очекува обештетувањето за овој трансфер да биде над 80 милиони евра.
Пред Шешко, Арсенал обезбеди договори со Мартин Зубименди, Кристијан Норгард и Кепа Аризабалага.
Sesko’s Barber 👀 🇸🇮 pic.twitter.com/zmqcmJQ3xf
— *🦉 (@Iss_Craig) June 25, 2025