Дома Останати Ракомет Новo големо засилување за Охрид: Пристигнува екс-ракометар на Вардар и Металург!

Новo големо засилување за Охрид: Пристигнува екс-ракометар на Вардар и Металург!

Искусното српско крило Дарко Ѓукиќ повторно се сели во македонскиот ракомет, но овојпат ќе го носи дресот на Охрид, а не на некој од скопските клубови, јавува специјализиранио ракометен портал „Балкан Хендбол“.

По настапите за Вардар и Металург, 29-годишниот Ѓукиќ ќе го засили охридскиот тим кој најавува амбициозен проект за следната сезона. Тој доаѓа од романскиот шампион Динамо Букурешт, со кој минатата сезона настапуваше и во Лигата на шампионите.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Дарко Ѓукиќ е производ на школата на Железничар од Ниш, а во својата богата кариера настапуваше и за Бешикташ, Келце, Мешков Брест и Спортинг Лисабон, пред да се врати во Вардар.

Со неговото пристигнување дополнително ќе се засили конкуренцијата на десната крилна позиција во тимот на Охрид, каде веќе се Словенецот Гал Цирар и домашниот ракометар Наум Костов.

Фото: Денис Дуковски / РК Вардар 1961

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Убава вест: Македонија домаќин на уште еден голем спортски настан во 2026 година!

Македонија ќе биде домаќин на Светско училишно првенство во ракомет, кое ќе се одржи од 20…