Дома Фудбал Артета сака засилување од Реал Мадрид, Арсенал ќе треба да плати 85 милиони евра

Артета сака засилување од Реал Мадрид, Арсенал ќе треба да плати 85 милиони евра

Реал Мадрид можеби ќе се насочи кон продажба, откако потроши околу 120 милиони евра за ангажирање на Дин Хуисјен, Франко Мастантуоно, Трент Александар-Арнолд… Според шпанските извори, Родриго Гоес би можел да биде еден од главните кандидати за заминување.

Родриго веќе некое време не е задоволен од својот статус во тимот, иако засега се верува дека не бара трансфер. Но, доколку неговата ситуација не се подобри, можно е тоа да се промени. Постојат сценарија во кои Реал самиот би одлучил да го продаде бразилецот, пред евентуално неговото незадоволство да ескалира.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


Англиските клубови Арсенал, Челси и Манчестер Јунајтед покажаа интерес за Родриго. Реал наводно бара 110 милиони евра за 24-годишното десно крило кое има договор до летото 2028. Арсенал е посебно заинтересиран, но не е подготвен да го плати тој износ. Во Лондон се надеваат дека можат да го завршат договорот за 80 до 85 милиони евра.

Фото: Real Madrid C.F/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем – од готово вересија, ПСЖ е апсолутен владетел на Европа!

Пари Сен Жермен освои уште еден европски трофеј, Суперкупот на УЕФА, триумфирајќи по голем…