Дома Фудбал Јувентус планира и договори две засилувања, но Влаховиќ ја „кочи“ реализацијата

Јувентус планира и договори две засилувања, но Влаховиќ ја „кочи“ реализацијата

Сè уште не се знае епилогот, Јувентус чека, иако стануваат сè понервозни. Вистинскиот исход за нив би бил да се ослободат од платата на Влаховиќ и да го доведат Канаѓанецот Давид, кој е слободен играч и според италијанските медиуми сака само во Јуве. Пречката е сепак агентот кој бара провизија од 15 милиони евра, но сите страни веруваат дека договорот е блиску.

А сепак, Давид кој би требало да стане најплатен играч на клубот или втор најплатен (за тоа подоцна) мора да чека, што му се воопшто не му се допаѓа, бидејќи има и други понуди, од Наполи и од ПЛ.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Влаховиќ веќе ја отфрли можноста да се пресели во Фенер или некој друг клуб од големите истанбулски (сите бараат напаѓач), за него постојат две опции, една е да остане во Јувентус до крајот на договорот, другата е да се пресели во Милан. „Росонерите“ односно Алегри го сакаат силно, сметаат дека Јуве ќе ја намали цената, но за да ја намали цената мора и Душан. 12 милиони евра кои ги има во последната година од договорот не може да ги добие никаде, особено не меѓу „Росонерите“ каде најплатен Рафаел Леао има 5.5 милиони по година.

Сега наводно Таре и останатите челници ги убедуваат агентите на Влаховиќ значително да ја намали платата.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Девојка фати фудбалер со друга и објави снимка. Дали го бркаат од репрезентацијата?

Камерунската фудбалска ѕвезда Николас Маоуми Нгамалеу се наоѓа во центарот на скандал. Нап…