Дома Останати Тенис „Ѓоковиќ само на Вимблдон секогаш може да даде максимум“

„Ѓоковиќ само на Вимблдон секогаш може да даде максимум“

Два плус два. Така Фелисијано Лопес, веројатно најдобриот шпански играч од стилот сервис-волеј во историјата, ги гледа фаворитите на овогодишниот Вимблдон. Првите двајца се Карлос Алкараз и Јаник Синер, освојувачот на последните две круни во Лондон и актуелниот број 1, а другите двајца се Новак Ѓоковиќ, со седум трофеи е најтрофејниот активен играч на најценетиот светски турнир, и Џек Дрејпер, новиот број 1 во домашниот тенис.

– Мислам дека Карлос и Јаник во овој момент се пред другите. Причината е што постои одреден јаз меѓу нив двајца и другите кандидати – објаснува Лопес за „Скајспорт“. – Новак и Џек им се најверојатно најблиски, а тревата е површина каде имаат реални шанси. Меѓутоа, како што Алкараз и Синер играат во последно време, не гледам никаква слабост во нивниот тенис.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Се разбира, едно од најважните прашања е дали Новак ќе освои 25-ти грен слем баш на Вимблдон. Со седум титули Ѓоковиќ е втор на вечната листа, заедно со Пит Сампрас и Вилијам Реншоу, но ова последниов го постигнал уште кон крајот на 19. век. Рекордер е Роџер Федерер со осум.

– Тешко е да се каже дали ова е последната шанса на Новак, бидејќи секогаш мора да бидете внимателни што кажувате за него. Вистина е дека сега нема нивото на Алкараз и Синер, особено во последните 18 месеци. Резултатите најдобро го кажуваат тоа, но како што играше против Јаник во Париз, ме изненади. Го притисна максимално. Разликата меѓу нив сè уште е голема, но ја гледам тревата како единствено место каде што може да постигне максимално ниво, бидејќи оваа подлога е поинаква од другите. Ѓоковиќ докажа дека може да се натпреварува со секого, но најголеми шанси ќе има на Вимблдон.

Фотографија: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Вимблдон ќе му оддаде посебна чест на Енди Мареј!

Поранешниот британски тенисер Енди Мареј ќе добие статуа на Вимблдон. “Целиме да пос…