Дома Фудбал Фантастичен гол на Суарез преку погледот на судијата. Види ја магијата снимана преку камерата на судијата

Фантастичен гол на Суарез преку погледот на судијата. Види ја магијата снимана преку камерата на судијата

На последниот меч од групата А, Интер Мајами и Палмеирас завршија со резултат 2:2. Тимот од Мајами првата предност ја стекна преку Тадео Аљенде во 16. минута, а потоа Луис Суарез го зголеми резултатот на 2:0 во 65. минута со можеби најубавиот гол на турнирот. Тој ја задржа топката на средината на теренот и со мајсторска вештина совлада три противници пред да постигне гол .

Уругвајскиот ас покажа дека и на 38 години е способен за маестрални погодоци. Снимките од неговиот гол станаа вирални, а посебно впечатлив е аголот снимен преку камерата на судијата Марчињак.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Палмеирас успеа да израмни со погодоците на Паулињо во 80. и Маурицио во 88. минута, носејќи го натпреварот до конечни 2:2. Овој резултат, заедно со нерешениот исход меѓу Порто и Ал Ахли (4:4), значеше дека во осминафиналето ќе учествуваат клубовите од САД и Бразил. Меси со Интер Мајами во првата елиминациска фаза ќе игра против неговиот поранешен клуб, ПСЖ, додека Палмеирас ќе се соочи во бразилско дерби со Ботафого.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тренираше во Сити со Халанд и Де Брујне, но се откажа од фудбал = ќе имал досаден живот, сакал да учи!

Поранешниот млад талент на Манчестер Сити, Хан Вилхофт-Кинг, го изненади фудбалскиот свет …