Дома Фудбал Ернандез ги договори условите – заминува на печалба во Саудиска Арабија

Ернандез ги договори условите – заминува на печалба во Саудиска Арабија

Францускиот лев бек Тео Ернандез е на чекор до трансфер во Саудиска Арабија, откако, според извештаите, постигнал личен договор со клубот Ал-Хилал. Се наведува дека саудискиот гигант е подготвен да му исплати годишна плата од импресивни 20 милиони евра, што значи дека Французинот би станал еден од најплатените дефанзивци во светот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Познатиот трансфер-новинар Фабрицио Романо објави дека преговорите меѓу Ал-Хилал и Милан се во завршна фаза и дека италијанскиот клуб најверојатно ќе инкасира сума помеѓу 30 и 35 милиони евра како обештетување за трансферот.

Ернандез е дел од Милан од 2019 година, кога пристигна од Реал Мадрид и веднаш се наметна како еден од клучните играчи на „росонерите“. Претходно, тој настапуваше и за Атлетико Мадрид, Депортиво Алавес (каде играше на позајмица), како и за Реал Сосиедад.

Доколку трансферот се реализира, тоа ќе означи крај на една успешна етапа во неговата кариера во Серија А и почеток на ново поглавје на Блискиот Исток.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бруно ја одби првата понуда на Ман Јунајтед за нов договор

Манчестер Јунајтед сака да го продолжи договорот на играчот од средниот ред и капитенот на…