Дома Фудбал На повидок голема размена: Влаховиќ може да заврши во Премиер лигата!

На повидок голема размена: Влаховиќ може да заврши во Премиер лигата!

Фудбалскиот клуб Јувентус има намера по секоја цена да го доведе Џејдон Санчо, а познатиот спортски весник”Gazeta Sport” нагласува дека италијанскиот гигант е спремен да му понуди на Манчестер Јунајтед двајца играчи во замена за фудбалерот кој минатата сезона ја мина во Челзи.

Иако постоеше верување дека ќе остане на “Стамфорд Бриџ” по голот во финалето на Конференциската лига против Бетис, Челзи процени дека Санчо е прескап.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Уште тогаш беше јасно дека неговата мисија со “Сините” е завршена, а бидејќи и самиот не ја гледа својата иднина во Јунајтед, изгледа дека Италија е негова следна дестинација.

Наполи беше спомнуван, но се чини дека Јувентус е најзаинтересиран за привлекување на Санчо за да ја зајакне крилната позиција, каде што во моментов најистакнати се Кенан Јилдиз и Франциско Консеисао.

Бидејќи така стојат работите, Јуве е подготвен во договорот со Јунајтед да ги понуди Дуќан Влаховиќ и Даглас Луис, така што ќе се ослободи од играчи чии иднина сè повеќе е во Пиемонт.

Во овој момент се чини дека разделбата со Луис е најизвесна, чија пазарна вредност значително опаѓа откако летоска пристигна во Торино, па е во интерес на двете страни да се разделат.

Второто име е Душан Влаховиќ, за кој пишувавме дека тешко ќе се раздели од Јувентус бидејќи има плата што ретко кој ќе му ја обезбеди во Италија во овој момент, иако во Англија финансиските услови се далеку поповолни (12 милиони евра годишно)

Фото: Јuventus/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Работнички потпиша договор со еден од најголемите таленти во Македонија

Македонскиот прволигаш Работнички денеска официјализираше нов долгорочен договор со младин…