Дома Фудбал Крај на сагата: Тео Ернандез донел одлука, Милан веќе има замена!

Крај на сагата: Тео Ернандез донел одлука, Милан веќе има замена!

Тео Ернандез најверојатно ќе ја прифати понудата од Ал Хилал.

Искусниот француски фудбалер долго размислуваше, имајќи предвид и семејни и спортски причини, дали е мудро да продолжи кариерата во Саудиска Арабија, но по долги размислувања ја донесе својата одлука.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Додека се двоумеше, Ал Хилал ја подобри понудата, па Французинот сепак прифатил да се пресели во оваа земја.

Тео беше лидер на теренот, клучен играч кај “росонерите”, што значи дека започнува ново поглавје.

Во меѓувреме, Милан го разгледува доведувањето на еден од двајцата десни бекови. Вандерсон е првиот во редот, 24-годишниот играч на Монако, стандарден репрезентативец на Бразил, чија вредност се движи помеѓу 20 и 25 милиони евра.

Поседува континуитет и сигурност, и може значително да придонесе за Милан. Покрај него, многу интересен е и Тијаго Сантос од Лил, кој има само 22 години. Тој покажува особен квалитет во офанзивен сегмент, сепак беше долго повреден, со повреда на предни вкрстени лигаменти, па останува прашање дали неговата кариера ќе се развива според очекувањата.

Фото: AC Milan/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рудигер пријави расизам, судијата го активираше протоколот за првпат

Реал Мадрид победи со 3:1 против мексиканската Пачука, но натпреварот беше одбележан од до…