Дома Фудбал Рашфорд сака да игра со Јамал во Барселона

Рашфорд сака да игра со Јамал во Барселона

Фудбалерот на Манчестер јунајтед Маркус Рашфорд изјави дека би сакал да игра заедно со Ламин Јамал во Барселона.

Рашфорд, кој половина од минатата сезона ја мина како позајмен играч во Астон Вила, се подготвува индивидуално во Шпанија пред да започнат подготовките на тимот, среде шпекулациите за неговата иднина на Олд Трафорд.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Како што денес пренесе Би-Би-Си (BBC), прашан во Шпанија за можноста да игра со Јамал, Рашфорд рече: 

Да, секако, сите сакаат да играат со најдобрите. Се надевам… ќе видиме”.

Јамал минатата сезона освои двојна круна со Барселона и беше еден од најдобрите играчи на тимот кој играше и во полуфиналето на Лигата на шампионите. Исто така, минатото лето играше за репрезентацијата на Шпанија која го освои Светското првенство во Германија. 

„Тешко е со зборови да се опише што тој прави. Тој не би требало да го прави тоа на 16, 17 години. Тоа претходно не сме го виделе. Вештина е да го направиш тоа во тие години со таков менталитет“, истакна Рашфорд. 

Тој во април навестил дека најверојатно нема да игра за Манчестер јунајтед додека тренер е Рубен Аморим. Португалскиот тренер го избрка од тимот во декември, по што тој отиде на позајмица во Астон Вила.

Спортскиот директор на Барселона Деко неодамна изјави дека нивниот клуб ги сака Рашфорд и Луис Дијаз.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Потег за респект: Овиедо никогаш нема да го заборави Санти Казорла!

Фудбалерите на Овиедо, предводени од српскиот тренер Велјко Пауновиќ, се вратија во шпанск…