Дома Фудбал Белингам за условите на клупското СП: Жешко е, губам многу килограми

Белингам за условите на клупското СП: Жешко е, губам многу килограми

Фудбалерите на Реал ја забележаа првата победа на Светското клупско првенство. Во натпреварот од второто коло во група Х, „кралевите“ ја совладаа мексиканската Пачука со резултат 3:1 и со тоа го презедоа првото место во својата група. Головите ги постигнаа Џуд Белингам, Арда Ѓулер и Феде Валверде.

Натпреварот започна лошо за Кралевите. Веќе во седмата минута, дефанзивецот Раул Асенсио остана сам на голем простор со напаѓачот Саломон Рондон и го собори како последен човек во одбраната. Заработи црвен картон и играчите на Чаби Алонсо играа до крајот со играч помалку.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Белингам беше еден од најдобрите играчи на Реал, а одличниот Англичанец по натпреварот одговараше на прашања на новинарите за раменото кое го мачи веќе некое време. Откри дека по турнирот во САД ќе мора на операција:

„Добро е. Мислам дека стигнав до точка каде што болката не е толку силна. Ми здодеа да играм со рамото. Толку е жешко, губам многу килограми од прекумерното потење. Ми закажаа операција по турнирот. Полека го губам трпението, се чекав некое време, но не можам вака повеќе. Лекарите и физиотерапевтите се неверојатно трпеливи. Сакам конечно да се ослободам од повредата која ме мачи толку долго“, рече Белингам.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Погба: Побарав помош од Јувентус, но не ја добив

Пол Погба откри дека не добил поддршка од Јувентус додека бил суспендиран за употреба на д…