Дома Останати Кошарка Најдобрата сезона на поединец во историјата на НБА

Најдобрата сезона на поединец во историјата на НБА

ОКЛАХОМА СИТИ ТАНДЕР го подигнаа трофејот на шампиони во НБА. Во пресудниот седми натпревар од завршната серија, тие славеа над Индијана Пејсерс со резултат од 103:91. Ова е нивниот прв шампионски успех откако тимот се премести од Сиетл во Оклахома. Иако формално се вбројува и титулата на СуперСоникс од 1979 година, во клуба и меѓу навивачите, тој успех не е дел од историјата на Тандер.

Шeј Гилџис-Александер запиша 29 поени, надополнувајќи ги со 12 асистенции, 5 скокови и 2 блокади. Канадскиот бек беше лидер на тимот целата сезона, а сега 26-годишникот беше прогласен за МВП на финалето, откако претходно беше избран за МВП на Западната конференција и МВП на регуларната сезона.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Во текот на регуларната сезона, Гилџис-Александер беше најдобар стрелец во НБА со просек од 32.7 поени по натпревар. Земајќи ги предвид сите овие успеси, многу аналитичари утврдуваат дека во својата седма професионална сезона, тој одигра една од најдобрите индивидуални сезони во историјата.

Беше избран како 11-ти пик на Драфтот во 2018 година, по една година во колеџ кошарката. Својата прва сезона во НБА ја започна во Клиперс, кои потоа го испратија во Оклахома како дел од трансферот за Пол Џорџ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Кевин Дурант по спектакуларниот трејд стана еден од сопствениците на европскиот гигант

Веста за преселбата на Кевин Дурант од Феникс во Хјустон изненади многумина, но истиот тој…