Дома Фудбал Влаховиќ го избра новиот клуб: “Апсолутно никој друг не го интересира”

Влаховиќ го избра новиот клуб: “Апсолутно никој друг не го интересира”

Српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ е на излезот на Јувентус, а кариерата 25-годишниот фудбалер може да ја продолжи во редовите на големиот ривал Милан.

Душан Влаховиќ е избришан во Јувентус. По неуспешните преговори за продолжување на соработката, торинскиот клуб се откажа од нови понуди за српскиот напаѓач и тој беше ставен на трансфер листата.

Старата дама за неговите услуги бара само 25 милиони евра, а се чини дека конечно е јасно каде ќе ја продолжи кариерата Влаховиќ. Тој го избра Милан.

“Го избра тимот. Го избра Милан”, рече Балзарини и додава:

“Не го интересира Фенербахче, не го интересира Саудиска Арабија. Понудите од Премиер лигата не се она што го очекуваше и тој моментално е фокусиран на преминување во Милан.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер јунајтед плати 70.000.000 фунти за да доведе играч од средниот ред!

Манчестер јунајтед заврши со ангажманот што Мајкл Керик толку го посакуваше во текот на ле…