Дома Останати Тенис Судир на познати тенисерки за кој зборува целиот свет – На мрежата настана хаос (видео)

Судир на познати тенисерки за кој зборува целиот свет – На мрежата настана хаос (видео)

Грчката тенисерка Марија Сакари ја совлада Јулија Путинцева со 2:0 на турнирот во германски Бад Хомбург, но сенка на овој меч ја фрли расправијата на мрежата по завршувањето на дуелот.

Казахстанската тенисерка одлучи да ја изрази својата фрустрација на мрежата при ракувањето со противничката Марија Сакари од Грција.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Се разлути на Сакари поради незаинтересираното ракување и реши да и’ го каже тоа в лице.

“Убаво ракување”, рече Сакари, а потоа следуваа неверојатни сцени.

“Не разбирам што сакаш да направам”, одговори Путинцева и потоа со гестикулација покажа како да се поклонува на принцеза на другата страна.

“Третирај ме како нормално човечко суштество. Кога се ракуваш, погледни ја другата личност во очи”, нагласи Сакари, но Јулија пак не остана должна.

Судиите на крајот успеаја да спречат поголем судир, но ваквите сцени навистина ретко се гледаат.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ се искачи на четвртото место, Алкараз го презеде врвот од Синер

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ напредуваше за едно место и на денес објавената АТП-листа с…