Дома Фудбал Деко најави огромно засилување за Барселона: Да, вистина е!

Деко најави огромно засилување за Барселона: Да, вистина е!

Поранешниот фудбалер на Барселона, а денеска спортски директор на клубот, Деко, официјално ја потврди долго очекуваната вест која ги возбуди навивачите на каталонскиот гигант – Нико Вилијамс ќе биде ново засилување на Барса.

Последниве денови во медиумите циркулираа бројни шпекулации за иднината на талентираниот офанзивец, кој и самиот јавно изрази желба да му се приклучи на актуелниот освојувач на Ла Лига. Сега, дилемите се разрешени.

„Да, точно е. Нико донесе одлука да потпише за Барселона,“ изјави Деко, потврдувајќи ја трансфер-бомбата која долго време беше тема на фудбалските кругови во Шпанија.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Италијанците во ЛШ веќе се во проблем: само четири бода по две кола

Интер, Наполи, Рома и Комо имаат слаб старт во новата сезона од Лигата на шампионите, а би…