Дома Фудбал Русите праќаат пари на Барселона: За Нико Вилијамс!

Русите праќаат пари на Барселона: За Нико Вилијамс!

Барселона го направи првиот трансфер на летниот преоден рок и официјално го објави во петок.

Каталонците ја платија откупната клаузула за голманот на Еспањол, Жоан Гарсија, во вредност од 25 милиони евра, а сега им е план да го купат Нико Вилијамс, шпански репрезентативец и одличен фудбалер на Атлетик. Каталонците би требало да платат 60 милиони евра.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Барселона го објави трансферот на Гарсија на сите социјални мрежи, но нешто уникатно се случи на TikTok.

Најпочитуваниот коментар, со повеќе од 16 000 лајкови, е “За Нико Вилијамс, од Зенит”. Клубот од Санкт Петербург донирал неоткриен износ пари, најверојатно мала сума испратена за да се добијат повеќе лајкови и следбеници.

Трендот го следеа и други навивачи на Барселона, кои исто така почнаа да донираат пари во делот за коментари, веројатно исто така симболични суми.

Николас Вилијамс треба наскоро да стане играч на Барселона. Иако го сакаше и Арсенал, неговиот план цело време беше да игра со Ламин Јамал во Барса.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Падна најважниот договор во клубот кој беше хит во Премиер лигата!

Нуно Еспирито Санто го продолжи договорот со Нотингем. Овој стратег имаше извонредна сезон…