Дома Останати Кошарка Дивац испрати прва порака до јавноста по тешката сообраќајка во Црна Гора

Дивац испрати прва порака до јавноста по тешката сообраќајка во Црна Гора

Владе Дивац имаше несреќа во сообраќај во која заврши со операција. Сега се обрати од болница и испрати охрабрувачка порака.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Владе Дивац доживеа сообраќајна несреќа за време на одмор во Црна Гора. Овој 57-годишен поранешен кошаркар ја доживеа несреќата на мотор, паднувајќи во близина на полуостровот Луштица во Бока Которска.

Дивац не можеше да стане поради претрпените повреди и итно беше пренесен во болница.

Тој доживеа тешка повреда на колкот и беше потребна интервенција за да не се влоши состојбата.

Така, сега имаме информација дека операцијата беше многу успешна, дека Дивац доби вештачки колк и дека е надвор од животна опасност.

Дивац се огласи од болница преку својот Инстаграм профил и им се заблагодари на сите за поддршката. Истакна дека е добро.

“Благодарам на сите за пораките и повиците. Сѐ е во ред, добар сум, продолжуваме напред”, напиша легендарниот српски кошаркар.

Фотографија: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Андреј Јакимовски веќе не е кошаркар на Тренто!

Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски стави крај на соработката со Тренто, откако…