
Екипата на Вардар денеска го промовираше Иван Чупиќ кој пристигнува како наследник на Гиљермо Милано.
Чупиќ со Вардар како ракометар освои две титули во ракометната Лига на шампиони, а сега како главна цел ја истакна враќањето на домашната титула.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Ќе потсетием, екипата на Еурофарм Пелистер во изминаттите три години го освојуваше тронот.
„Кога се појави Вардар, не можев да ја одбијам понудата, ова е мојот втор дом. Благодарен сум на Метковиќ за шансата да започнам како тренер. Целата екипа треба да ја сфати одговорноста која ја носиме со дресот на Вардар. Нашата цел е јасна – да ја вратиме титулата.
Со мојот нов стручен штаб сакам да пренесам ентузијазам, желба, стравопочит кон грбот на овој клуб. Тоа ќе го почнам од првиот ден. Ова е клуб кој е поголем од сите нас поединци. Со огромен ентузијазам и желба сакам да ги исполниме целите на клубот. Можам да кажам дека јас и мојата екипа ќе се однесуваме професионално и ќе го ставиме Вардар пред себе. Ќе работиме максимално за да го вратиме клубот на врвот по три години, каде што му е местото“, изјави Чупиќ.
Фото: SEHA League