Дома Фудбал Реал Мадрид објави нови информации за состојбата на Мбапе

Реал Мадрид објави нови информации за состојбата на Мбапе

Реал Мадрид информира дека нивниот напаѓач, францускиот репрезентативец Килијан Мбапе, е пуштен од болницата во Мајами каде што беше примен во четвртокот поради гастроентеритис, кој го доби на Светското клупско првенство што се одвива во САД.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Нашиот играч Килијан Мбапе е пуштен од болница и се врати во тренинг кампот. Тој ќе продолжи со посебен медицински третман и постепено ќе се вклучи во тимските активности“, соопшти Реал.

Поради гастроентеритис, Мбапе беше изолиран од тимот уште во вторник и не настапи во мечот од првото коло против Ал-Хилал во средата. Засега, неговото учество во второто коло против Пачука в недела е „неизвесно“.

Фото: Real Madrd C.F/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан му украде засилување на Але́гри и плати 55 милиони!

Во Милан дефинитивно дуваат други ветришта и раководството на клубот не жали пари да стигн…