
Италијанскиот прволигаш Парма ангажираше нов тренер на својот прв тим 29-годишниот Шпанец Карлос Куеста. Со ова назначување, тој стана најмладиот главен тренер во било која од топ пет лиги во Европа. Во последните пет години, Куеста работеше како асистент на Арсенал. Со потпишан двегодишен договор со Парма, тој го заменува на позицијата на Кристијан Киву кој го презеде Интер.
Куеста многу рано се насочи кон тренерската кариера, започнувајќи во 2014 година да работи со младинските категории на мадридски Атлетико. Од 2018 до 2020 година беше асистент на кадетите на Јувентус. Потоа, сегашниот тренер на Арсенал, Микел Артета, го повика да се приклучи на неговиот стручњак тим кога ги презеде „Топчиите“.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Куеста ќе биде вториот најмлад тренер во историјата на Серија А. Во 1939 година, Елио Лоши имал 29 години, 9 месеци и 20 дена кога за првпат водел натпревар како играч-тренер на Триестина. Куеста ќе има 30 години и 26 дена кога првпат ќе седне на клупата на Парма, и тоа против Јувентус.
Фото: Carlos Cuesta/X