Дома Останати Кошарка Легендарниот Дивац итно опериран по тешката сообраќајка – ова се деталите!

Легендарниот Дивац итно опериран по тешката сообраќајка – ова се деталите!

Легендарниот кошаркар Владе Дивац итно беше опериран после сообраќајната несреќа што ја доживеал.

Според зборовите на очевидците, Дивац паднал од мотор во близина на Луштица и поради повредите што ги здобил при падот не можел да стане, па бил транспортиран во болница, пренесе црногорскиот весник “Побједа”.

Сега се појавија нови информации за состојбата на легендарниот кошаркар. „Информер” дозна дека Дивац морал итно да се оперира и дека има фрактура на колкот, па му е вграден вештачки колк.

Како ќе тече закрепнувањето на познатиот кошаркар, останува да се види.

Дивац е еден од најдобрите македонски кошаркари во историјата, а неговата кариера траела 22 години, од Слога од Краљево, преку Партизан до НБА лигата, каде што играл за ЛА Лејкерс, Шарлот Хорнетс, а потоа и за Црвена Звезда за време на локаутот, па се врати во НБА во Сакраменто и ја заврши кариерата во Лејкерс во 2005 година.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Горан Драгиќ во дресот на Партизан: Неостварена желба на навивачите

Словенечкиот кошаркар Горан Драгиќ ја заврши кариерата, но остана неостварена желба за нас…