Дома Фудбал Реал Мадрид и во првиот натпревар на Светското клупско првенство го докажа својот најголем проблем (Видео)

Реал Мадрид и во првиот натпревар на Светското клупско првенство го докажа својот најголем проблем (Видео)

Реал Мадрид на првиот натпревар од Светското клупско првенство повторно ги откри своите проблеми. Во дуелот против Ал Хилал, натпреварот заврши со резултат 1:1, но во последните моменти од мечот имаа пенал за победа. Сепак, Феде Валверде шутираше лошо, а голманот на противникот, Боно, го одбрани ударот од 11 метри, оставувајќи го Реал без триумф.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Минатата сезона Реал ја заврши без трофеи, а еден од проблемите кои придонесоа за слабите резултати беа бројните промашувања на пенали. Од последните 19 изведени пенали, како тим не успеаја да реализираат 7. Промашувачи беа Килијан Мбапе (3), Винициус (2), додека Жуде Белингам и Феде Валверде пропуштија по еднаш.

Лука Модриќ во минатото исто така беше дел од тимот на изведувачи, но беше тргнат од таа позиција откако во втората половина на минатата сезона поранешниот тренер Карло Анчелоти ја донесе новата хиерархија на изведувачи на пенали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Керик остана без голема желба: Бразилецот го одби Манчестер Јунајтед и потпиша тригодишен договор

Мајкл Керик сè уште официјално не започна да го составува тимот за новата сезона, а Манчес…