Дома Ракомет Нов потпис во Вардар: Останува еден од најважните!

Нов потпис во Вардар: Останува еден од најважните!

Екипата на Вардар и црногорскиот репрезентативец Вуко Борозан постигнаа договор за продолжување на соработката. Моќниот лев бек ќе го носи дресот на „црвено-црните“ и во сезоната 2025/2026, што претставува големо засилување за амбициите на клубот во домашните и европските натпреварувања.

Борозан, кој повторно се приклучи на Вардар во 2024 година, со своето искуство, физичка доминација и разорен шут беше еден од клучните играчи во освојувањето на Куп титулата. Продолжувањето на договорот е доказ за заемната доверба меѓу играчот и раководството на клубот.

Левиот бек кој е познат по својот силен шут, и кој ги трестеше мрежите како член на Вардар во периодот од 2016 до 2019 година, како играч на клубот има освоено и три титули во Македонија, три Купа, трипати СЕХА лигата. По заминувањето од Вардар беше дел од тимот на Веспрем, Ал Араби и Ловќен.

Настапуваше и за репрезентацијата на Црна Гора во 2014, 2016 и 2024 година. Во 2017 година Борозан беше избран за „Спортист на Црна гора“.

Фото: РК Вардар/ФБ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Криенс Луцерн во игра за Малус, Вардар пред неизвесност на средната бековска позиција

Јака Малус се поврзува со преселба во Швајцарија, но засега нема потврда за заминување од …