Дома Фудбал Најмладата македонска репрезентација ремизираше со Албанија

Најмладата македонска репрезентација ремизираше со Албанија

Младата репрезентација на Македонија до 14 година одигра нерешено 1:1 против соодветната селекција на Албанија во рамките на првиот контролен натпревар одигран помеѓу овие две селекции на стадионот на ФК Скендербег во Корча.

Домаќинот рано во 15. минута преку Александро Шофити поведе со 1:0. Во продолжението, избраниците на селекторот Горан Станковски наметнаа своја игра, создадоа неколку добри прилики и сосема заслужено во 56. минута преку Давор Таневски го израмни резултатот на 1:1.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


На 19. јуни е закажаната втората контролна среда помеѓу младите селекции на Македонија и Албанија.

МАКЕДОНИЈА: Огнен Божиновски, Хамза Зибери, Филип Богоевски, Давор Танески, Дин Розојац, Калин Аврамоски, Нено Бафтијар, Павел Димоски, Јован Јанчевски, Борјан Костовски, Виган Таири;

Селектор: Горан Станковски;

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

За спектакуларната кореографија против Лил Звезда заработи казна!

Европската фудбалска федерација донесе одлука за казнување на Црвена ѕвезда поради случува…