Дома Фудбал Голем пресврт: Шешко се договорил со гигант од Премиер лигата!

Голем пресврт: Шешко се договорил со гигант од Премиер лигата!

Арсенал и Бенјамин Шешко ги договорија сите услови и сега ја чекаат разврската во преговорите со РБ Лајпциг.

Според “Bild”, Словенецот ги прифати сите барања на Арсенал, пред него е долгорочен договор и позиција на прв напаѓач, но уште останува клубовите да се согласат околу откупната цена.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Претходно се пишуваше дека Арсенал нема намера целосно да ги исполни очекувањата на РБ Лајпциг и да плати над 80 милиони евра, но како пренесува “Bild”, понудата нема да биде многу под очекуваната сума.

Некои претпоставуваат дека Арсенал може да вклучи бонуси за да ја постигне сумата од 80 милиони, што може да го остави Лајпциг без многу избор, особено ако и Шешко побара трансфер откако договори личните услови.

Интересно е што во одреден период се шпекулираше дека Арсенал ги договорил личните услови со Виктор Ѓокереш, но изгледа тоа била само „игра“ на директорот Андреа Берта за да ја намали цената за Шешко.

Од друга страна, Ѓокереш сега нема многу избор помеѓу тимови кои ќе играат во Лигата на шампионите. Манчестер Јунајтед сè уште е заинтересиран за него, но дали ќе прифати, останува да се види, бидејќи и Јувентус го повикува.

Се на се, изгледа дека Микел Артета не го промени својот план да го донесе Шешко, кого го посакуваше уште минатото лето, кога Словенецот реши да остане во Германија.

Фото: Leipzig/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ѕвездата на Реал Мадрид вчера беше понижена, изгледаше како аматер – реагирал веднаш и Алонсо!

Секој може да има лош ден и не треба брзо да се носат заклучоци врз основа на еден настап,…