Дома Фудбал Динамо Загреб ангажираше поранешен фудбалер на Рома и Гранада

Динамо Загреб ангажираше поранешен фудбалер на Рома и Гранада

Динамо од Загреб ангажираше големо засилување пред почетокот на новата фудбалска сезона.

Станува збор за доскорешен фудбалер на Гранада – Гонзало Виљар (28 години) кој потпиша повеќегодишен договор со Динамо.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Како што пишуваат шпанските медиуми, андалузискиот клуб задржал процент од идна продажба, а Виљар го напушта клубот откако одигра 72 натпревари и постигна три гола.

Виљар започна во Елче, од каде што во 2020 година замина во Рома.

Во тимот од Рим остана три сезони, а за славниот клуб евидентира 42 настапи, иако пред истекот на договорот некое време минал на позајмици во Сампдорија и Хетафе.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пол Сколс без милост понижи тројца играчи на Манчестер Јунајтед како никој досега

Легендата на Манчестер Јунајтед Пол Сколс остро ги критикуваше тројцата фудбалери на Црвен…