Дома Фудбал Црна листа: Вредноста на Фоден доживеа неверојатен пад последните месеци

Црна листа: Вредноста на Фоден доживеа неверојатен пад последните месеци

По незаборавната сезона 2023/2024, кога блескаше и освои сè што можеше на индивидуално ниво, Фил Фоден беше во добра насока да ја потврди својата класа и во иднина. Меѓутоа, се случија неочекувани проблеми – драстичен пад на неговата форма, помал учинок и разочарувачки бројки на теренот.

Во текот на целата сезона, Фоден успеа да постигне само 10 гола, што е дури трипати помалку од минатата година, што директно влијаеше на неговата вредност на фудбалскиот пазар.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Според проценките на порталот Tрансфермаркт, пред почетокот на сезоната неговата вредност беше 150 милиони евра, но на крајот на сезоната таа се намали на 100 милиони евра.

Еден од најголемите падови во историјата на пазарот

Овој пад на вредноста го става Фоден на третото место меѓу најголемите загуби на пазарната вредност за една сезона.

Несаканиот рекорд сè уште го држи Eден Азар, чија вредност во 2020 година се намали за дури 70 милиони евра.

Второто место му припаѓа на Нејмар кој истата година загуби 52 милиони, а меѓу десетте најголеми губитници на листата се најдоа и Лерој Сане и Лукас Пакета, кои разочараа во сезоната 2024/2025.

Падот на Фоден потсетува колку е нестабилна фудбалската форма и како очекувањата на врвно ниво носат со себе огромен притисок – не само на теренот, туку и во цифрите што го диктираат пазарот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ѓокереш му се нудел на Реал, но пристигнал јасен одговор од Мадрид

Виктор Ѓокереш, напаѓач на португалскиот првак Спортинг Лисабон и репрезентативец на Шведс…