Дома Фудбал Наполи купува уште една ѕвезда на Манчестер Сити

Наполи купува уште една ѕвезда на Манчестер Сити

По Кевин Де Бројне, Наполи тргна и по – Џек Грилиш!

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Многу извори денес пренесуваат дека Наполи е сериозно заинтересиран за уште еден играч од Сити и дека италијанскиот шампион е подготвен да плати до 45 милиони за неговиот трансфер.

Наполи испрати почетна понуда од 35 милиони евра, но доби одговор дека ќе треба да ја зголеми и е подготвен да го направи тоа.

Макар што Антонио Конте сакал и Алехандро Гарначо, Манчестер јунајтед го прецени својот играч на дури 70 милиони, што Наполи не сака да го плати.

Од друга страна, Грилиш исто така е по вкусот на Антонио Конте и Наполи е подготвен да ја зголеми понудата.

Се разбира, важен фактор е и Де Бројне, со кого Грилиш ја делеше соблекувалната од неговото доаѓање од Астон Вила во летото 2021 година за 117 милиони евра.

Грилиш и Де Бројне во својот врв на форма беа клучни во системот на Пеп Гвардиола, особено во освојувањето на историската “триплета” во сезоната 2022/23.

Сигурни сме дека Конте ќе може да им ја најде жицата во Серија А и повторно да ги направи вистинско дуо, заедно со Ромелу Лукаку, Скот МекТоминај и многу други актуелни шампиони на Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Никој во групата на Мундијалот нема да патува повеќе од Босна!

Престојното Светско првенство во фудбал ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, што значи де…