Дома Фудбал Браим Диас става потпис на нов договор

Браим Диас става потпис на нов договор

Раководството на Реал Мадрид постигна договор со Браим Диас за продолжување на договорот со играчот, ексклузивно објави “Марка”.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Сегашниот договор на фудбалерот истекува во летото 2027 година, но сега тој ќе биде продолжен со подобрени финансиски услови, со оглед на неговото зголемено значење по одличната игра во последно време.

Во моментов тој е дел од составот на мадриѓаните кој се подготвува за дебито во Светскиот куп за клубови во САД. Првиот натпревар на „лос бланкос“ е во среда против Ал-Хилал.

25-годишниот крилен фудбалер го подигна своето значење и форма за Реал Мадрид во последните две сезони, што ќе биде одразено во новиот договор. Диас последен пат го обнови својот договор во летото 2023 година, кога се врати од двегодишна позајмица во Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Никој во групата на Мундијалот нема да патува повеќе од Босна!

Престојното Светско првенство во фудбал ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, што значи де…