
Фудбалерите на ПСЖ во синоќешниот натпревар триумфираа против Атлетико Мадрид со убедливи 4:0 во првиот круг на Светското клупско првенство, но и покрај ваквиот резултат, јавноста најмногу внимание посвети на настанот од 78. минута кога Клемент Ленгле беше исклучен.
Во 78. минута, при водство на ПСЖ од 2:0, топката беше кај голманот на Атлетико, Јан Облак.
Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Облак се обиде да му ја додаде топката на капитенот Коке, но додека топката се ослободуваше од неговите раце, ја изнуди Сени Мајулу. Облак и Коке веднаш застанаа и побараа од судијата Истван Ковач да досуди очигледен прекршок, но тој тоа не го направи.
Мајулу му ја додаде топката на Ахраф Хакими, но неговиот удар беше блокиран во последен момент од Реинилдо Мандава и топката излезе во корнер.
😬 | Црвен картон за Клемент Ленгле! Атлетико ќе го заврши натпреварот со десет играчи. 🟥🤦♂️ #FIFACWC #TakeItToTheWorld
— DAZN France (@DAZN_FR) June 15, 2025
Следете ја пресметката @PSG_inside 🆚 @Atleti бесплатно овде: https://t.co/kAQFrmIwIx ! 👈 pic.twitter.com/PwsZmREZtv
Поради тоа што акцијата заврши со корнер, ВАР не можеше да се вклучи, а многу разочаран беше Ленгле кој жестоко протестираше кон најдобриот судија во светот, кој судеше и на финалето на Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и Интер оваа година.
Романскиот судија му покажа жолт картон на Ленгле и бидејќи дефанзивецот на Атлетико веќе имаше жолт картон од 20. минута, беше принуден да го напушти натпреварот.
„Не разбирам зошто го исклучи Ленгле кога требаше да досуди прекршок врз мене“, изјави разочараниот Облак по натпреварот.
Атлетико сега ќе мора да се бори за пролаз во нокаут фазата во натпреварите против Сиетл Саундерс на 20-ти јуни и Ботафого на 23-ти јуни.