Дома Фудбал Кулушевски се венча со Босанка – на свадбата беа присутни голем број фудбалери (Фото)

Кулушевски се венча со Босанка – на свадбата беа присутни голем број фудбалери (Фото)

Ѕвездата на шведскиот фудбал, Дејан Кулушевски, официјално го започна новото поглавје во својот живот стапувајќи во брак со Елдина Ахмиќ – поранешна фудбалерка и репрезентативка на женската селекција на Босна и Херцеговина.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Свадбената церемонија се одржа во живописниот шведски град Хелсингборг и предизвика големо внимание во спортската јавност, не само поради младоженците, туку и поради присуството на бројни истакнати фудбалски имиња. Меѓу гостите на свеченоста се појави и легендата на светскиот фудбал, Златан Ибрахимовиќ, кој привлече внимание со своето присуство и блискоста со младоженецот.

Свечениот настан го збогатија и други познати фудбалери, меѓу кои Лука Бергвал – соиграч на Кулушевски во Тотенхем и шведската репрезентација, Антони Еланга од Нотингем Форест, како и голем број пријатели и роднини од спортскиот и приватниот живот на младата двојка.

Фото: Instagram/DejanKulusevski

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фотографиите на Феран Торес и Љоренте од јахта на Ибица предизвикаа бурни реакции! (Фото)

По успешното претставување со шпанската репрезентација на Светското првенство, Феран Торес…