Дома Фудбал Дембеле: Се случуваше да си дојдам дома, да играм игри и малку да гледам телевизија

Дембеле: Се случуваше да си дојдам дома, да играм игри и малку да гледам телевизија

Осман Дембеле зад себе има сезона од соништата. Со ПСЖ освои сè што можеше да освои, а круна беше освојувањето на Лигата на шампионите против Интер. Со своите настапи минатата сезона, Французинот се наметна како еден од главните кандидати за освојување на Златната топка.

Во разговор за угледниот француски фудбалски магазин „France Football“, зборуваше за својот период во Барселона, проблемите со повредите и големите промени во професионалниот пристап кои го обележаа последните години од неговата кариера. „Се случуваше да си дојдам дома, да играм NBA 2K и малку да гледам телевизија. Бев помлад, што е сосема нормално. Но, на крајот тоа скапо го плаќаш, а јас го осетив посебно во Барселона“, рече Дембеле.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Францускиот крилен напаѓач дојде во Барселона во 2017 година по една сезона во Борусија Дортмунд, со која го освои германскиот куп. Каталонците го платија 135 милиони евра, но во шест години поминати на Камп Ноу (од 2017 до 2023) одигра само 185 натпревари со 40 голови и 41 асистенција. Освои три титули шпански првак, но неговата кариера во Барселона беше обележана со постојани физички проблеми.

Поради разни повреди, вклучувајќи три пукања на мускули и повреди на бутот и коленото, Дембеле за време на престојот во Барселона отсуствуваше дури 799 дена, што значи дека пропушти 141 натпревар за Барселона и репрезентацијата на Франција.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најдобриот судија во светот направи сериозна грешка на натпреварот Атлетико – ПСЖ, па се „одбрани“ со црвен картон (Видео)

Фудбалерите на ПСЖ во синоќешниот натпревар триумфираа против Атлетико Мадрид со убедливи …