Дома Останати Тенис Откриено зошто Ѓоковиќ со семејството сака да го напушти Белград

Откриено зошто Ѓоковиќ со семејството сака да го напушти Белград

Српската јавност пред неколку дена беше изненадена од веста дека Новак Ѓоковиќ размислува за заминување од Србија и планира со семејството да живее во Грција. Исто така, се појави информација зошто Ѓоковиќ ја донесе одлуката да го напушти Белград.

Ѓоковиќ не крие дека Белград е неговиот дом, и покрај тоа што поголемиот дел од времето живее во Монте Карло, тој секој момент го користи да се врати во главниот град на Србија.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


Исто така, еден од најдобрите тенисери на сите времиња последните години сè повеќе време поминува со семејството во Белград и се мислеше дека тоа ќе биде неговата „база“ и после завршувањето на кариерата.

Меѓутоа, јавноста пред неколку дена беше изненадена од веста дека Ѓоковиќ сериозно размислува за заминување од Србија.

Одредени медиуми во регионот објавија дека Ѓоковиќ планира со семејството да се пресели во Грција и дека веќе размислувал за куќи, како и за училишта за своите деца во Атина, но и на југот од таа земја.

Такава одлука ја шокираше српската јавност бидејќи не очекуваа дека Ѓоковиќ воопшто би размислувал после завршувањето на кариерата да живее на друго место освен во Белград, но очигледно тоа се случи.

Француските медиуми дури објавија дека се знае и причината зошто Ѓоковиќ одлучи да се исели од главниот град на Србија.

Најверојатно, причината е цензурата која преовладува во таа земја од страна на актуелната власт, за сите оние кои ги поддржаа студентите што започнаа протести против Александар Вучиќ и неговите соработници.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ поради повреда пропушта важни тунири

Новак Ѓоковиќ, поради повреда, ги откажа турнирите во Торонто и Синсинати, откри директоро…