Дома Фудбал Томас Франк заврши една голема задача на клупата на Тотенхем

Томас Франк заврши една голема задача на клупата на Тотенхем

Откако ја презеде екипата на Тотенхем, Томас Франк заврши една голема задача со тоа што доведе напаѓач.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Поточно, Мати Тел, кој беше на позајмица од Баерн во Тотенхем, ќе остане во тимот од Лондон во продолжение на својата кариера.

Тој во февруари пристигна на позајмица до крајот на сезоната со опција Тотенхем да го откупи неговиот договор, што на крај и се случи.

Тел така потпиша договор до 2031 година, а тој ќе стане официјален од 30 јуни кога ќе му истече позајмицата.

За тимот на Тотенхем, Тел дебитираше против Ливерпул во Карабао Купот, а првиот гол го постигна во април од белата точка против Саутемптон.

Одигра вкупно 20 натпревари во сите натпреварувања со дресот на Тотенхем, и постигна три гола.

Тој моментално се наоѓа со младата репрезентација на Франција на Европското првенство за репрезентации до 21 година.

Сигурно е дека Тотенхем наредната сезона ќе изгледа доста поинаку по доаѓањето на Томас Франк.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Егзодус од Серија А: На „листата за отстрел“ има стотина фудбалери

  Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026! Еден месец пред почетокот на новата сезона и…