Дома Фудбал Погледнете ги мајсториите и головите на новиот талент на Реал Мадрид од 45 милиони евра (ВИДЕО)

Погледнете ги мајсториите и головите на новиот талент на Реал Мадрид од 45 милиони евра (ВИДЕО)

Франко Мастантуоно, 17-годишниот супер талентиран играч од Аргентина, наскоро и официјално ќе го засили составот на Реал Мадрид.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Младиот фудбалер веќе ги заврши лекарските прегледи во Мадрид, а неговиот трансфер од Ривер Плата во редовите на кралскиот клуб ќе биде наскоро и формално потврден.

Според достапните информации, Мастантуоно потпишал шестгодишен договор, а Реал Мадрид за овој трансфер ќе издвојува дури 45 милиони евра – значителна сума за играч кој само што влегол во светот на сениорскиот фудбал.

Момче со големи потенцијали

И покрај тоа што зад себе има само една цела сезона во дресот на Ривер Плата, Мастантуоно веќе успеа да се истакне со извонредна зрелост, техника и храброст на теренот. Неговите потези веќе ја привлекуваат вниманието како на навивачите, така и на скаутите ширум светот.

Одличните натпревари не му останаа незабележани ни на селекторот – неодамна дебитираше и за сениорската репрезентација на Аргентина, што е уште еден показател дека станува збор за играч со огромен потенцијал.

Погледнете ги мајсториите на Мастантуоно:

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Левандовски може да направи спектакуларен трансфер во Премиер лигата!

Поранешниот англиски репрезентативец Петер Крауч го советуваше својот некогашен клуб да го…