Дома Фудбал Потрес во Лондон: Најголемата ѕвезда можеби најави заминување!

Потрес во Лондон: Најголемата ѕвезда можеби најави заминување!

Хјун Мин Сон, капитенот на Тотенхем, откри дека не е сосем сигурен дали ќе остане со клубот ова лето.

Неговиот договор трае уште една година, при што “Скај” објави дека управата на клубот ќе му дозволи да одлучи за иднината ако пристигне соодветна понуда од Саудиска Арабија.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


„Имам уште година дена договор. Пред да донесам каква било одлука, сите треба да почекаме и видиме како ќе се развиваат работите. Независно од тоа каде ќе завршам, секогаш ќе дадам сè од себе. Тоа никогаш нема да се промени“, изјави Сон.

Иако се уште се опоравува од повредата на стапалото, Сон влезе како замена за репрезентацијата на Јужна Кореја во нивниот натпревар против Кувајт во Сеул (4:0), како дел од квалификациите за Светското првенство 2026 година.

Сон истакна дека имал проблеми минатата сезона, но дека таа била посебна поради пласманот на Тотенхем во финалето на Лигата на Европа.

„Знам дека луѓето може да зборуваат за разочарувачка сезона, но за мене таа беше значајна, бидејќи фудбалот го играме за победа, а само победниците се паметат. Поголем дел од сезоната не бев во најдобра форма, но се надевам дека ќе бидам подобар во новата сезона“, додаде Сон.

Фото: Tottenham/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалот од денес нема да биде ист, Колина ја потврди револуцијата

Познатиот фудбалски судија Пјерлуиџи Колина потврди воведување на револуционерно правило к…