Дома Фудбал Изненадување: Коларов се враќа во Интер – се е договорено!

Изненадување: Коларов се враќа во Интер – се е договорено!

Александар Коларов ќе биде новиот асистент-тренер на Интер!

Оваа информација ја потврди Фабрицио Романо, иако не откри многу детали. Сепак, најважната работа е што селекторот на младата репрезентација на Србија доби понуда која не може да ја одбие!

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Кристијан Киву го наследи Симоне Инѕаги и се наоѓа под голем притисок во Серија А, а сега зад себе ќе го има и младиот српски тренер како поддршка.

Сеуште не е познато дали Коларов ќе продолжи да ја врши функцијата селектор на младите на Србија, што според правилата е сосема возможно.

Тој нема големо искуство како самостоен тренер, бидејќи веднаш стана селектор на младата репрезентација, која забележа три порази на пријателските натпревари уште во јуни.

Интересно е што Коларов играше за Интер од 2020 до 2022 година и со овој тим го освои Скудетото во Серија А и Суперкупот на Италија. Претходно настапуваше и за двата римски клуба – Лацио и Рома, така што има доволно искуство во италијанскиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шокантна реакција на легендарниот Ди Канио: Во емисија си ја раскрвари главата удирајќи ја од маса (Видео)

Познатиот поранешен фудбалер на Лацио и Вест Хем, Паоло Ди Канио, повторно се најде во цен…