Дома Фудбал Германија ФОТО: Хумелс откри бизарна причина зошто играше со скинати копачки против Дортмунд

ФОТО: Хумелс откри бизарна причина зошто играше со скинати копачки против Дортмунд

Дефанзивецот на Баерн имаше добра причина за да го направи тоа.

Матс Хумелс не е омилена фигура меѓу навивачите на Борусија Дормтунд од причина што им заби „нож во грб“ кога ги засили редовите на најголеиот ривал, Баерн. Хумелс во саботата повторно се појави на „Вестфален“ само уште еднаш да го „запознае“ поранешниот клуб што и му успеа, со оглед на тоа што гостите победија со 3:1.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Репрезентативецот на Германија одлично ги изработи своите дефанзивни задачи, но го привлече вниманието со еден невообичаен детал. Имено, тој играше со скинати копачки?! Забележано беше дека трча по топката со скинати копачки на врвовите кои беа видливи поради тоа што беа портокалеви.

Тешко беше да се разбере од каде се дупките, но Хумелс го објасни тоа по натпреварот.

„Не смеам да имам премногу притисок на стопалата, бидејќи двете ми се отечени, па сакав малку вака да им оелснам. Малку ми се напукнати во овој момент и се надевам дека ќе ги регенерирам до следниот натпревар“, откри фудбалерот на Баерн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го задржи Мегваер со нов договор

Управата на Манчестер Јунајтед ќе му понуди нов договор на Хари Мегваер, соопштуваат разли…