
КЕВИН ДЕ БРУЈНЕ (33) ќе стане нов играч на Наполи, објави Фабрицио Романо. Овој познат фудбалски инсјадер напиша “here we go”, што значи дека трансферот е завршен и наскоро ќе следи официјална објава. Белгискиот напаѓач како слободен играч беше во потрага по нов клуб откако му истече договорот со Манчестер Сити, каде што стана еден од најдобрите фудбалери во светот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Се шпекулираше дека би можел кариерата да ја продолжи во САД или Саудиска Арабија, но одлучи да остане во Европа и во наредната сезона ќе игра Лига на шампиони со италијанскиот шампион. По завршувањето на лекарските прегледи и другите формалности, ќе потпише двегодишен договор со можност за продолжување на уште една година, откри Романо.
Платата која треба да ја прима не е објавена, но италијанските медиуми претходно пишуваа дека Наполи му понудил 27 милиони евра за три сезони.