Дома Фудбал Арсенал ја доби „војната“ со Реал Мадрид – доаѓа засилување од 65 милиони евра

Арсенал ја доби „војната“ со Реал Мадрид – доаѓа засилување од 65 милиони евра

Шпанскиот фудбалер Мартин Зубименди го прифати трансферот во Арсенал, а договорот помеѓу двете страни е целосно постигнат уште од мај. Фудбалерот на Реал Сосиедад наскоро ќе пристигне во Лондон за да ги помине медицинските прегледи и официјално да потпише договор со премиерлигашот.

Реал Сосиедад ќе добие оштета од околу 65 милиони евра, која ќе биде исплатена во рати, како дел од преговорите. Иако се појавија гласини дека Реал Мадрид се заинтересирал за Зубименди, англискиот клуб останува целосно во контрола на ситуацијата и трансферот ќе се реализира без никакви пречки.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Арсенал го обезбеди потписот на еден од најперспективните шпански играчи за врска, кој се очекува да даде значаен придонес во средниот ред на тимот на Микел Артета.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал МОРА да ја продаде ѕвезда од тимот!

Арсенал конечно изгледа како екипа која може да ја освои Премиер лигата и тоа го знаат сит…