Дома Фудбал Во Минхен се случила трагедија: Навивач починал за време на финалето од Лигата на Нации

Во Минхен се случила трагедија: Навивач починал за време на финалето од Лигата на Нации

Еден навивач го загубил животот за време на натпреварот меѓу Шпанија и Португалија во финалето на фудбалската Лига нации во Минхен, откако паднал од горниот дел на трибините право врз делот за медиуми, на долниот кат.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тоа се случило во текот на првото продолжение на натпреварот што се одржувал на „Алијанц арената“ во Минхен, кога навивачот паднал на подолниот спрат. Итно му била дадена медицинска помош, а областа ја обезбедиле редари заедно со полицијата.

Натпреварот не беше прекинат, но учесниците беа информирани за случајот.

Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, изрази сочувство до семејството на загинатиот навивач, непосредно пред стартот на прес-конференцијата.

Португалија ја освои Лигата на нации по победата на пенали со вкупен резултат 7:5, откако по регуларниот дел и продолженијата резултатот беше 2:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Норвешка во САД донесе 300 кг риба, 116 кг сирење, 6000 портокали

Норвешката фудбалска репрезентација веќе ја привлече јавната вниманието со креативните нас…