Дома Фудбал Водач на албанските ултраси: Го бојкотиравме натпреварот против Србија затоа што сакаа да нè поткупат

Водач на албанските ултраси: Го бојкотиравме натпреварот против Србија затоа што сакаа да нè поткупат

Албанија и Србија одиграа без голови во квалификациите за СП, но натпреварот во Тирана е главна тема. Причината се високите тензии под кои беше одигран и големата нетрпеливост.

Но, на натпреварот ги немаше најжестоките навивачи на Албанија. Нивниот водач Гезим Бајрами ден по натпреварот, во телевизиската емисија Фаворит, откри зошто го бојкотираа натпреварот против големиот ривал.

„На последниот состанок со Албанската фудбалска федерација, претседателот Арманд Дука и неговите соработници се обидоа да не поткупат. Ни рекоа дека ќе добиеме билети за натпреварот ако молчиме за заедничката организација на У-21 Европското првенство со Србија”, изјави Бајрами.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вакво нешто не сте слушнале досега: Португалец го одби Њукасл поради неверојатна причина

Њукасл разговараше со сите сили да го добие Жоао Палинја, португалскиот играч за врска. Пр…