Дома Фудбал Роналдо до новинарите: Ве молам, оставете го Јамал на мир

Роналдо до новинарите: Ве молам, оставете го Јамал на мир

КРИСТИЈАНО РОНАЛДО (40) ja водеше Португалија до триумфот во Лигата на нации. Искусниот играч најпрво постигна гол за победа против домаќинот на завршниот турнир во Германија, а потоа погоди и против Шпанија во финалето за изедначување на 2:2. Ова е неговиот 138. гол во 219 во настап за репрезентацијата на Португалија. Роналдо се повреди две минути пред крајот на регуларниот дел, гледајќи како неговите соиграчи ја освојуваат Лигата на нации преку пенали.

Тој емотивно ја прослави победата и освојувањето на трофејот, додека на спротивната страна, ѕвездата на Шпанија беше разочарана и нервозна. Ламин Јамал не беше задоволен од поразот во финалето и од тоа што селекторот Луис де ла Фуенте го замени во продолженијата.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Еве како го прокоментира ова Роналдо: “Ламин ќе освојува многу тимски и индивидуални награди. Тој е феномен. Ќе има долга кариера и ќе освои уште многу Лиги на нации. Сеуште има само 17 години. Ве молам, оставете го на мир. Морам да ви го побарам ова. Му треба мир и спокојство.”

Јамал ќе наполни полнолетство за еден месец, а веќе е клучен играч на Барселона и репрезентацијата на Шпанија. Во последната година, освои европска титула со репрезентацијата и тројна шпанска круна со Барселона. Во сите тие успеси, тој беше еден од најзаслужните.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонија води во Астана – Трајковски стрелаше со волеј! (ВИДЕО)

Македонија од 33. минута води со 1-0 на гостувањето кај Казахстан благодарение на гол на А…