Дома Фудбал Англија Венгер не можеше да премолчи: Каква неправда, минатата година два погодоци, оваа еден од офсајд ситуација..

Венгер не можеше да премолчи: Каква неправда, минатата година два погодоци, оваа еден од офсајд ситуација..

По поразот на Арсенал на гостувањето на „Итхад“, Арсен Венгер вината ја пронајде во судиите на мечот.

Имено, Манчестер Сити славеше со 3:1 на домашен терен. а она што е спорно е погодокот на Жезус кој беше постигнат од офсајт позиција.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Откако за Сити најпрво прецизни беа Де Брујне и Агуеро, Арсенал во живот го врати Лаказет со погодокот постигнат во 65. минута.

Но, Венгер не остана воздржан па ја прокоментира спорната ситуација на мечот.

„Имавме шанси да стигнеме до реми, за тоа вложивме труд. Третиот погодок на Сити беше чист подарок, а тоа им олесна многу. Го видовте истото што и јас. Сите велите било офсајд, тоа се говори. Не велам дека не заслужија, но во момент кога бевме рамноправен противник, судијата одлучи да премолчи видлива спорна ситуација. Минатата сезона на истиот стадион примивме два погодоци од офсајд, а сега еден…“, истакна предводникот на „Топчиите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…