Дома Фудбал Се појави нова опција за Џеко: Седумкратниот шампион на Италија тргнува по неговиот потпис!

Се појави нова опција за Џеко: Седумкратниот шампион на Италија тргнува по неговиот потпис!

Босанскиот фудбалер Един Џеко (39), кој откако се раздели со Фенербахче се наоѓа со репрезентацијата, би можел набрзо повторно да се врати во Серија А, а интерес за него пројави уште еден клуб.

По завршувањето на договорот со Фенер, Џеко е слободен играч и последниве денови Комо беше споменуван како можен нов клуб.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Сепак, според добро информираниот Никол Шира, и Болоња влезе во игра, нудејќи му на Дијамантот едногодишен договор со можност за продолжување до 2027 година, и во моментов се водат преговори.

Станува збор за тим со седум титули шампион на Италија, кој во последните две сезони е во одлична форма, а тоа го потврди и со учеството во Лигата на шампионите минатата сезона.

Оваа сезона го освоија Италијанскиот куп, што е прв трофеј по 41 година, и следната сезона ќе настапуваат во Лигата на Европа.

Фото: Fenerbahce/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тухел повика 35 играчи, меѓу кои Магваер и Томори, но не и Александер-Арнолд

Селекторот на Англија Томас Тухел објави список од 35 фудбалери на кои ќе се потпира за пр…