Дома Фудбал Роналдо за Јамал и Златната топка

Роналдо за Јамал и Златната топка

Кристијано Роналдо најави дека нема да игра на Светското клупско првенство. Португалската ѕвезда призна дека добил понуди од клубови со кои можеше да учествува на натпреварот, но тоа нема да се случи.

“Имав некои контакти, но треба да размислуваш на краткорочен план, во сегашност и долгорочен план. Нема да одам на Светското клупско првенство, тоа е факт”, изјави тој.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Утре Кристијано ќе го предводи Португалија во финалето на Лигата на нациите, а судирот веќе се опишува како дуел меѓу него и Ламин Јамал, но Роналдо не мисли дека споредбите се соодветни.

“Секогаш е така. Кога е финале, се зборува за Кристијано против некого. Подобро споредувајте го Ламин со Витинја, бидејќи двајцата имаат доста помала разлика во годините. Но сите сакаат да го прават тоа со Кристијано. Не е така, играме тим против тим. Јамал се справува одлично. Клубот и националниот тим му помагаат многу, во поволна средина е. Оставете го да расте во името на фудбалот. Нека расте мирно и без дополнителен притисок. Можете да му помогнете, ако го оставите на мир. Синот ми го сака Ламин“.

Тој го даде своето мислење и за тоа кој е фаворит за “Златната топка” оваа година: “Им давам совети на секој кој е подготвен да ме слуша, но лично, лице в лице. Според мене “Златната топка” треба да ја добиваат оние што се истакнуваат и победуваат во Лигата на шампиони, но нема едногласно мислење. Не верувам во индивидуалните награди, бидејќи знам што стои зад нив. Ламин има шанса, но тие награди не се од значење, бидејќи нема 100 проценти консензус”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Донарума од Париз сака само во еден од овие два клуба!

Џанлуиџи Донарума би можел да го напушти ПСЖ летово!  Италијанецот влегува во последната г…